Лејди Гага ја започна својата светска турнеја (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Синоќа во Дизелдорф, Германија, Лејди Гага ја започна својата светска турнеја „Chromatica ball“.

По двегодишно одложување поради пандемијата на коронавирус, Лејди Гага го одржа својот отворачки концерт во Германија, пред толпа од 60.000 луѓе. Сет-листата, сценографијата и поединечните детали од концертите беа чувани во тајност до моментот кога Гага ги отвори портите на стадионот за обожавателите.

-Луѓето постојано ме прашуваат што всушност значи Chromatica, а во песната „Babylon“ велам „Battle for my life“ и… кога ја направив „Chromatica“, навистина се борев за мојот живот. За секој кој е на тешко место, само сакам да знаете дека ова шоу е создадено во духот на таа битка – да се вратите себеси. Нема поголема награда од нас самите. Нема ништо поважно од сопственото срце и сопствената способност да се излекувате. Ние не се лечиме сами, но мислам дека е можно во одреден момент да бидеме свој ветер во грб“, рече Гага во видеото објавено на Инстаграм пред почетокот на концертот.

Пејачката во изминатите години отворено зборуваше за депресијата, а за време на едно интервју во 2020 година рече дека била на работ на самоубиство.

Слични содржини