Левандовски доби орден од претседателот на Полска (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Голгетерот на Баерн, Роберт Левандовски доби орден, Командниот крст на редот Полонија Реститута (Order of Polonia Restituta) од рацете на претседателот Анджеј Дуда.

Левандовски, кој беше избран за најдобар играч од страна на ФИФА во 2020 година, доби признание на приемот кај претседателот на Полска.

Левандовски го освои трофејот во Лигата на шампионите минатата година, потоа Бундеслигата и Купот на Германија.

Оваа награда им се доделува на воениот персонал и цивилите за нивниот неизмерен придонес во нивните области.

Така, Левандовски се приклучи на првиот демократски избран претседател на Полска, Лех Валенса, како и на поранешниот американски претседател Двајт Ајзенхауер на списокот на оние кои го добија ова признание.

„Не е важно колку трофеи сум освоил досега. Во овој момент, мојата амбиција е сè уште силна и не сакам да спијам на стара слава“, рече Левандовски по приемот на орденот.

Тој исто така ја водеше репрезентацијата на Полска на патот низ квалификациите за ЕП 2020.

Слични содржини