Лијам Галагер паднал од хеликоптер: Кој вели дека рокенролот е мртов

од Vladimir Zorba

Лијам Галагер, 48-годишен поранешен фронтмен на групата „Oasis“, им откри на своите обожаватели дека паднал од хеликоптер по настапот на фестивалот на Островот Вајт, споделувајќи фотографија со модро лице на Твитер, пренесе Би-Би-Си.

Галагер се спореди со Кит Мун, покојниот тапанар на групата Who, кој беше познат по своето диво однесување и се пошегува дека фотографија од лицето со модринки може да биде насловна страница на неговиот следен соло албум.

„Погледнете го ова, паднав од хеликоптер минатата ноќ, не може сеo да помине глатко, кој вели дека рокенролот е мртов. Кит Мун, изеди ја кожата на тапанот, ајде, ме знаеш“, напиша Лиам во описот на фотографијата.

На прашање на обожавател од која висина падна, Галагер на шега одговори: „100.000 стапки“ (30.000 метри).

Слични содржини