Лилјаци во кафез: Нова снимка од лабораторијата во Вухан (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Додека земјите од Г7 повикуваат на втора фаза од истрагата за потеклото на коронавирусот, некои медиуми објавија снимки од Институтот за вирусологија во Вухан, на кои се гледаат лилјаци во живо и научник кој ги храни со црви. Веќе со месеци се расправа дали вирусот „протекол“ од лабораторијата, што СЗО категорично го отфрла и ја смета за теорија на заговор.

Снимката што ја емитува Скај Њуз е преземена од промотивното видео на кинеската држава објавено во 2017 година по повод отворањето на Институтот за вирусологија во Вухан. Таа беше предадена на телевизијата од групата наречена „Драстичан“, која тврди дека е тим од научници и истражувачи кои го истражуваат потеклото на круната – иако поголемиот дел од групата работи под псевдоними.

Скај Њуз потоа емитуваше уште едно видео направено од Кинеската академија на науките. Видеото го покажува лабораторискиот работник, Хуан Жиминг, директор на лабораторијата П4 на Институтот, како објаснува како работи нивниот систем. На тоа видео се гледаат и лилјаци.

Од друга страна, д-р Питер Дазак, истражувач на СЗО, кој го истражувал потеклото на вирусот, тврди дека во Институтот Вухан немало живи лилјаци.

„Ниту еден лилјак не беше испратен во лабораторијата во Вухан за генетска анализа на вирусот. Науката не работи на тој начин. Ние собираме примероци на терен и ги носиме во лабораторијата. Ослободуваме лилјаци на истото место каде што сме ги фатиле“, рече д-р Дазак во декември минатата година.

Сепак, на почетокот на овој месец, д-р Дазак на Твитер напиша дека тимот на СЗО не го прашал нститутот во Вухан дали чувале лилјаци.

Лабораторијата од Вухан е главна приказна откако тогашниот американски претседател Доналд Трамп рече дека Ковид-19 не се пренел, како што веруваат многу научници, од лилјак на човек преку непознат преносител, туку дека протекол од лабораторијата во Вухан.

Слични содржини