Листа на хотели во кои може да се искористат ваучерите за одмор

од Берта Китинска

Минатиот месец Министерството за економија објави јавен повик за реализација на мерката организиран одмор на работници со ниски приходи, чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-износот од 30.000 денари.

Министерството за економија ја објави листата со хотели во кои работниците со ниски приходи може да ги искористат ваучерите што ќе ги добијат од државата.

На листата има вкупно 76 сместувачки капацитети и туристички агенции од повеќе градови.

Листата може да ја погледнете ТУКА.

Оваа мерка е во рамките на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари. Лицата што ќе добијат ваучери може да ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во Македонија.

Јавниот повик се затвори на 30 јуни, а сè уште се очекува листата со оние што добиле ваучер.

Слични содржини