Листата на „ковид слободни“ градови се проширува

од Берта Китинска

Епидемиолошката состојба  во земјава според дневните статистики е стабилна. Во моментов дури 15 града немаат ниту едно лице заболено од ковид 19. Бројот на активни случаи изнесува 228, а најголемиот број се регистрирани во Скопје (88).

Според податоците на министерството за здравство ните еден зараен нема во:

Дојран, Пехчево ,Македонска Каменица, Демир Капија, Пробиштип, Валандово, Богданци, Крушево, Радовиш, Берово, Делчево, Ресен ,Гевгелија, Неготино и Струга .

Досега вкупно оздравени се близу 150 илјади лица а во последните 24 часа регистрирани се 11 оздравени пациенти и тоа од Куманово – 4, Скопје – 3 и Крива Паланка, Струга, Гевгелија и Радовиш – по 1 оздравен .

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.673, бројката на оздравени пациенти е 149.961, на починати е 5.484.

Слични содржини