Литванија му забрани влез во земјата на рускиот патријарх Кирил

од Stefanija Kuzmanovska

Литванија му забрани на патријархот московски и на цела Русија, Кирил, влез во земјата поради, како што тврди, поддршка на руската специјална воена операција во Украина, пишува денеска литванскиот портал DELFI, повикувајќи се на литванското министерство за надворешни работи.

„Патријархот московски и на цела Русија, Кирил, доби забрана за влез во Литванија поради неговата поддршка (за руската специјална воена операција)“, се вели во соопштението на министерството, а пренесе ТАСС.

Слични содржини