Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

од Vladimir Zorba

Неодамнешните случувања околу главниот тренер на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, ги наведоа „црвените“ да се откажат од негово привлекување на „Енфилд“. Во четвртокот се појави информација дека Шпанецот е подготвен да остане на „БајАрена“ и во следната сезона. Поранешниот играч за врска останува во плановите на Баерн Минхен, но се повеќе се чини дека и Баварците ќе се откажат од неговите услуги.

Така, актуелниот тренер на Спортинг Лисабон – Рубен Аморим доаѓа до израз како нов фаворит за замена на Јирген Клоп во Ливерпул. 39-годишниот Португалец е високо ценет од раководството на „црвените“ откако успешно ја помина клупската аналитика врз основа на податоците од системот што се користи на „Енфилд“. Наскоро се очекува да добие покана за директно интервју.

И покрај зголемениот интерес за Аморим, менаџерот на Брајтон, Роберто Де Зерби, останува и меѓу кандидатите на Мајкл Едвардс и Ричард Хјуз во потесниот круг. Сепак, Италијанецот моментално го зазема местото зад Аморим на нивната листа.

Аморим, кој е поранешен португалски репрезентативец, раководи со Спортинг од 2020 година. Во тој период, тој му донесе на клубот мноштво успеси, вклучувајќи една титула во лигата, два купа и еден португалски Суперкуп, и е на пат да додаде уште една титула во домашното првенство на својот скор.

Слични содржини