Ливерпул со лесна победа против Барнли на преполниот „Енфилд“

од Nikola Popovski

Фудбалерите на Ливерпул славеа над Барли со 2: 0 во 2.коло од Премиер лигата.

Со овој триумф, тимот на Јирген Клоп ја презеде лидерската позиција на табелата, барем додека не се одиграат другите натпревари од 2.коло во Премиер лигата.

На преполниот „Енфилд“, Жота и Мане ја погодија мрежата на Барнли за громогласни овации од трибините.

Најпрво, Португалецот им донесе предност на „црвените“ во 18. минута, потоа Салах ја затресе мрежата, чиј гол беше поништен од ВАР, а конечниот резултат го постави Мане во 69. минута.

Слични содржини