Ливорно им нареди на сопстевниците на кучиња да ја чистат урината на свoите миленици

Сопствениците на кучиња во италијански пристанишен град  Ливорно ќе мора да ја чистат урината на своите миленици од јавните површини или ќе се соочат со казни до 500 евра.

од Vladimir Zorba
55 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Телма Тв

Сопствениците на кучиња во италијански пристанишен град  Ливорно ќе мора да ја чистат урината на своите миленици од јавните површини или ќе се соочат со казни до 500 евра.

Градоначалникот на Ливорно, Луке Салвети, на брегот на Тоскана, ја воведе мерката откако граѓаните се пожалија на непријатниот мирис на урина од кучиња, особено во парковите и детските игралишта.

Сопствениците на кучиња ќе треба да носат шишиња со вода и распрскувачи за да ги мијат тротоарите, клупите, па дури и тркалата на паркираните автомобили и скутери.

Забрането е кучињата да мочаат во близина на влезовите и прозорците, особено на влезовите во продавниците, канцелариите и станбените згради, објавува Гардијан.

-Јавните простори се заедничка сопственост што мора да се заштити за да се обезбеди ред, хигиена и квалитет на урбаниот живот, објавија градските власти.

Се додава дека одлуката е донесена како одговор на бројни пријави од граѓани кои укажуваат на непријатност предизвикана од непријатни мириси и здравствени и хигиенски проблеми предизвикани од присуството на течен животински отпад на места наменети за дружење на возрасни и деца.

Градот изјави дека мерката е особено неопходна поради значителното зголемување на бројот на домашни миленици, особено кучиња.

Правилото важи за сите шетачи на кучиња, без разлика дали се сопственици или старатели, и ќе биде во сила од 20 мај до 31 октомври – период што се смета за најкритичен поради повисоките температури и помалку врнежи од дожд.

Казните за прекршителите се движат од 25 до 500 евра.