ЉУБОВТА НЕ ПОЗНАВА ГОДИНИ: Позната германска пејачка (52) ја прослави првата годишнина од врската со 27-годишниот партнер

од Vladimir Zorba

Познатата германска пејачка Мишел, со вистинско име Тања Хевер (52), неодамна ја прослави првата годишнина од врската со нејзиниот 27-годишен партнер, пејачот Ерик Филипи.

– Ние двајца во ресторан. Целосно во мир. Без куче, без дете, откри пејачот Ерик Филипи за германски „Билд“ кога го прашале како била вечерта на прославата на годишнината од врската.

И покрај големата разлика во години, велат тие, се сакаат и датумот на раѓање не им смета. Но, за многумина во Германија оваа разлика изгледа е важна, бидејќи ниту еден јавен пар не бил критикуван толку жестоко како нив.

-Јас сум најсреќната личност и најсреќната жена на целиот свет, на тие критики пред неколку дена одговори поп ѕвездата Мишел.

А Ерик на својот Инстаграм профил напиша дека остануваат верни на себе, што и да кажат за нив.

– Многу луѓе не ја сакаат нашата љубов и постојано мораме да читаме неверојатни зборови за нашата врска, но се сакаме, изјави Ерик Филипи.

Едно е сигурно, не можеш да се бориш со љубовта и покрај се, па и разликата во години.

Слични содржини