Лога: Искуствата од Саудиска Арабија ќе придонесат за целосна дигитализација на правосудство во нашата земја

од Vladimir Zorba

За време на неговиот престој во Кралството на Саудиска Арабија, министерот Кренар Лога ја посетил и Централната лабораторија за дигитализација, односно Центарот за дигитализација на недвижности, при што инж. Ахмед Алсаламн од близу го запознал со начинот и фазите на дигитализацијата, од самиот почеток уште од селекција на документите, внесување и ревизија, трансферот во лабораториите за дигитализација, стерилизација и реставрација, скенирање и архивирање, контрола на квалитетот пред конечното снимање и доделувањето на единствен код на секој документ.

Во центарот за дигитализација се обработуваат и стари тапии кои се долги над 3 метри и стари над 100 години, а воедно било презентирано дека централниот архивски објект има капациет за дигитализација на 115.000 метри документи.

Преку воведување на нови услуги, односно дигитализација на имотните листови, е-плаќање данок на имот, е-пренос на имот во рок од 60 минути и делење на станбените единици во рок од неколку секунди, а не во месеци, се олеснило целокупното работење на поголем број на институции и со тоа се придонело кон поефикасно и поквалитетно работење, велат од ПР службата на Лога.

На крајот од посетата министерот констатирал дека споделените искуства од страна на колегите од Кралството на СА ке придонесат да се овозможи целосна дигитализација на правосудство и во нашата земја.

Слични содржини