Лога: Се отвора Пандорината кутија со одлуката на Уставниот суд

од Nikola Popovski

Министерот за правда Кренар Лога смета дека со денешната одлука на Уставниот суд се отвора Пандорината кутија.

-Во многу наврати не бил почитуван уставниот рок за објавување на подзаконски акти во Службен весник, вели Лога после одлуката на судот.

Oва следува откао уставните судии привремено одлучија да не важи графата за етничката припадност во изводите. Одлуката била донесена после гласањето при што пет судии гласале „за“, а двајца „против“.

Судиите одлучиле да продолжи постапката за упатството, кое според Лога е согласно законот за матични евиденции и со него се олеснува подобра контрола при вработување во јавна администрација дали некој се пишува во друга националност за да може да се вработи.

Согласно Упатството, кое веќе стапи на сила, отсега секој кој ќе сака да извади документи од Управата за водење матични книги, ќе мора да каже на која етничка заедница ѝ припаѓа. Односно измените воведуваат и нова графа за национална припадност во изводите на родените, венчаните, умрените.

Слични содржини