Локвенец: Разговараме со ДУИ за да ги надминеме различните мислења кои постојат

од Aleksandar Todeski

Владејачките СДСМ и ДУИ разговараат во обид да ги надминат сите различни мислења кои постојат во коалицијата, тврди пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец.

Тој истакна дека во моментов не е опција разидување на владејачкото мнозинство, бидејќи преговараат и истакна дека исценираните кавги се дел од минатото.

„Наменските или исценираните кавги и несогласувања помеѓу коалиционите партнери се случувања од минатотот. Во моментов, искрена и чесна е соработката помеѓу коалиционите партнери. Комуницираме и се обидуваме да ги надминеме сите различни мислења кои секогаш постојат и за нив се преговара. Преиспитувањето на секои меѓусебни односи е поврзано со моменталната ситуација. Ако имаме ненадминлива ситуација, тогаш ќе разгледуваме“, рече Локвенец кој додаде дека партиските тела се уште немаат дискутирано за коалицијата со ДУИ, нешто што во изјава го најави премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

А.Т.

 

Слични содржини