Лондон: Два инцидента на воена парада во чест на кралицата

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку две лица предизвикале инциденти денеска на воената парада во Лондон, по повод платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета, трчајќи пред војниците кои марширале пред да бидат уапсени, според телевизиските снимки, пренесе „Ројтерс“.

Кралицата Елизабета (96) им се заблагодари на сите што ќе учествуваат на четиридневното одбележување на нејзиниот платинест јубилеј, што ќе опфати низа прослави по повод 70 години на британскиот трон.

Милиони луѓе ширум Британија и светот денеска треба да се придружат на прославата на 96-годишната кралица која владее подолго од кој било нејзин претходник, објави британската влада.

Слични содржини