Лоренцо: Бев шампион без возачка дозвола!

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот шампион во мото ГП, Хорхе Лоренцо, призна дека во приватниот живот нема мотоцикл, бидејќи не може да вози бавно, но и нема возачка дозвола!


– Не мислам дека би се снашол во такво возење. Никогаш не сум возел мотоцикл бавно. Но, јас добив возачка дозвола. Ја зедов на 23-годишна возраст. Пред тоа, јас бев шампион во МотоГП,а немав дозвола, призна Лоренцо, која на возраст од 32 години реши да се пензионира.

– Не го сторив тоа затоа што се плашам од моторот, туку затоа што се почна да ме боли. Секако, ќе ми недостасува возењето, особено чувството на конкуренција и победите, но лошата страна нема. Едноставно не можете да имате сè во животот и јас сум многу далеку од помислата за враќање“, рече Лоренцо.

Шпанецот го освои МотоГП шампионатот со Јамаха во 2010, 2012 и 2015 година, додека во 2006 и 2007 година беше шампион во категоријата 250cc. Тој возеше за Јамаха, Дукати и Хонда.

Слични содржини