Лукаревска: „Гласен текстилец“ е партнер на УЈП во борбата против сивата економија

од Nikola Popovski

Одлични сугестии, многу дискусии и нови предлози за да се преточат во закон,како дел од денешната средба со Кристина Ампева и нејзиниот тим од Здружението за заштита на работнички права, „Гласен текстилец“, информира директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Според неа, заедничка е нивната заложба за соработка и партнерски однос во борбата со сивата економија, особено во делот на непријавени работници и неисплатени плати кај компаниите од текстилната индустрија.

-Несомнено тука е битна и улогата на Државниот инспекторат за труд со кој спроведовме повеќе контроли кај оваа целна група . Гласот на работникот е гласен токму преку „Гласен текстилец“, информира Лукаревска.

Од Здружението соопштија дека соработката ќе продолжи, ќе се покренуваат заеднички иницијативи се со цел евиденција на работното време и фер заработувачка за вложениот труд, почитување на правата и платите на работниците.

Слични содржини