Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека не планира да разговара со претставници на опозицијата бидејќи, како што рече, тие не се опозиција,

„Нема да разговарам со опозицискиот координативен совет затоа што не знам кои се овие луѓе. Тие не се опозиција. Она што тие го предлагаат ќе биде катастрофа за Белорусија и белорускиот народ“, рече Лукашенко.

„Тие сакаат да ги раскинат односите со братска Русија, сакаат луѓето да плаќаат за здравствено осигурување и образование. Тие сакаат фабриките да бидат уништени, а работниците да останат без работа“, изјави Лукашенко за московското радио, како што пренесува ТАСС.

Лукашенко рече дека е подготвен да одржи предвремени претседателски избори, потенцирајќи дека е се поблизу до таквата одлука.

„Никој не ми кажа за тоа и ова ви го кажувам за прв пат. „Склон сум на тоа“, рече Лукашенко, без да го наведе точниот датум на можни предвремени избори.

Претходно денес, една од лидерките на опозицијата, Светлана Тихановскаја, објави дека масовните протести во Белорусија, кои избија кога Лукашенко прогласи убедлива победа, не се насочени против Русија.

„Народите на Белорусија и Русија отсекогаш биле блиски соседи и пријатели и сигурна сум дека тие ќе останат така и во иднина“, рече таа.

Слични содржини