Лукашенко: Русија и Белорусија ги надминаа негативните ефекти од санкциите

од Stefanija Kuzmanovska

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека благодарение на заедничките чекори Русија и Белорусија успеале да ги надминат можните негативни последици од санкциите на Западот.

„Благодарение на заедничките чекори, генерално успеавме да ги надминеме можните негативни ефекти од санкциите. Белорусија и Русија направија добра работа со усвојувањето заеднички програми. Има одреден напредок во речиси сите области“, рече Лукашенко за време на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин во Минск.

Лукашенко истакна дека решавањето на чувствителните економски прашања од кои зависи благосостојбата на граѓаните на Русија и Белорусија ќе бидат апсолутни приоритети на владите на двете земји.

Слични содржини