Лукашенко: Западот не успеа да не оддели од Русија, затоа сега чкрта со забите

од Milan1

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска изјави дека Западот не успеал да го оддели Минск од Русија и дека сега оди и чкрта со забите.

– Постоеше желба на Западот овде да ја пресече и повлече црвената линија за Русија. Не успеаја. Тие сега одат и чкртаат со забите, рече Лукашенко во Минск на состанокот со гувернерот на областа Пенза во Русија, Олег Мелниченко.

Лукашенко оцени дека Западот затоа воведува санкции кон Русија и Белорусија, за Русија да не може да ги заобиколи.

Слични содржини