Мадона го прослави Денот на вљубените со своето 36 години помладо момче (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Кралицата на поп-музиката, Мадона, го прослави вчерашниот Ден на вљубените со Ахламалик Вилијамс, нејзиното 36 години помладо момче.

Иако претрпе критики од странските медиуми во текот на изминатите месеци поради фактот што има толку голема разлика во возраста помеѓу овој љубовен пар, Мадона објави серија фотографии на Инстаграм на кои е во прегратките на дваесет и шестгодишниот Вилијамс.

„Патував низ целиот свет со мојата љубов. Какво феноменално патување “, напиша Мадона во описот на фотографиите.

Ова не е прв празник што Мадона го слави со него.

Во ноември минатата година, Мадона го прослави Денот на благодарноста во негово друштво, а на Инстаграм објави фотографија на која позира во скутот на младиот танчер.

Слични содржини