Магија со марка „Федерер“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Неверојатниот почеток на сезоната на Роџер Федерер продолжи со нова победа во 2018 – 6:2, 6:1 против бр.28 во светот Филип Крајиновиќ во третото коло од „Мастерс“ турнирот во Индијан Велс.

36-годишниот Швајцарец освои 17 последователни поени во еден момент на натпреварот и изгледаше како човек кој се забавува на теренот.

Во една ситуација, Федерер освои поен со брилијантно изведена кратка топка за да го заврши седмиот гем на првиот сет.

Во друг момент на натпреварот, Федерер направи неверојатен бекенд слајс, по што топката влезе во полето на српскиот тенисер, но потоа се врати во неговото поле.

Магично!

Слични содржини