Мајката на исчезнатиот Мартин: „Ве молам, пронајдете го мојот син“

од Vladimir Zorba

Во состојба на шок и молејќи за помош, мајката на Мартин Ј. (28), турист од Македонија кој исчезна пред четири дена во морето кај Халкидики, утрово тргна од Солун кон пристаништето Неа Скиони на грчкиот полуостров. .

Мајката на Мартин вчера пристигна во Грција од САД и сега бара волонтерите да направат се што можат за да го пронајдат нејзиниот син.

– Ве молам, најдете го син ми. Направете се што можете, ве молам – рекла мајката со солзи во очите, пренесуваат грчките медиуми.

Додала дека дошла од Америка во Грција за да си го најде синот. Таа им се заблагодарила на сите за помошта, на волонтерите и на властите.

– Тимот од OFCATH е покрај мене од самиот почеток и јас сум им благодарна за се што прават. Имаме надеж – рекла мајката.

Спасувачите на OFCATH ја земале мајката на Мартин од аеродромот и утрово заминале со автомобил за Неа Скиони, каде ќе се обидат да испратат подводен дрон во морето за да го проверат морското дно и да исклучат каква било можност.

Заедно со неговата мајка, во Солун пристигнаа роднините на Мартин од Македонија и конзулот на земјата.

– Денеска временските услови се многу подобри и затоа ќе одиме на бродот со други спасувачи. Денеска истрагата ќе биде проширена со подводен дрон, кој вчера не можевме да го испратиме поради временските услови – изјави за грчките медиуми шефот на OFCATH, Кристос Рамос.

Од Америка во Грција се обидува да дојде и братот на исчезнатиот Мартин.

Мајката и роднините на Мартин ќе чекаат во пристаништето додека спасувачкиот брод и подводниот дрон ќе го бараат исчезнатиот млад човек.

Слични содржини