Мајката на момчето кое се смрзна во Тексас ги тужи добавувачите на енергија

од Stefanija Kuzmanovska

Мајката на единаесетгодишното момче кое се смрзна поради прекин на електричната енергија во нивната куќа во поларниот бран кој го зафати Тексас, ја тужи државата барајќи отштета од двете големи енергетски компании за небрежност.

Марија Пинеда навела дека Electric Reliability Council of Texas (ERCOT) и Entergy Corp се одговорни за смртта на нејзиниот син Кристијан, кој бил пронајден мртов утрото на 16 февруари во нивниот дом каде што делел кревет со неговиот тригодишно брат.

Се очекуваат дополнителни тужби

Со години не се инвестира во дотраената енергетска инфраструктура, која пропадна во вонредните временски услови поради преоптоварување и милиони останаа без електрична енергија.

Адвокатката на Марија Пинеда, која живее во Конро, Тексас, предградие на Хјустон, претставува седум семејства кои ги загубија своите најблиски во ледениот бран.

Се очекуваат нови судски процеси против добавувачите на електрична енергија.

Тексас има дерегулиран пазар на енергија кој работи независно од федералниот регулатор.

Слични содржини