Мајката на момчето кое загина во подморницата: „Сакаше да го собори светскиот рекорд“

од Stefanija Kuzmanovska

Тинејџерот Сулеман Давуд (19), кој загина во подморницата Титан, со себе ја понел својата Рубикова коцка бидејќи сакал да го собори светскиот рекорд, изјавила неговата мајка за Би-Би-Си.

Младиот човек се пријавил за Гинисовата книга на рекорди, а неговиот татко Шахзада, кој исто така загина, земал камера за да го сними моментот. Нивната мајка и сопруга Кристин Давуд и ќерката биле на Polar Prince, бродот за поддршка на подморницата, кога се дознало дека комуникацијата со Титан била изгубена.

„Секаде ја носеше Рубиковата коцка“

„Бев навистина среќна за нив затоа што и двајцата сакаа да го направат тоа многу долго време. Тогаш не разбирав што значи тоа, а потоа се тргна на лошо“, рече Кристин, додавајќи: „Сулеман ја сакаше Рубиковата коцка толку многу што ја носеше насекаде со себе. Рече дека ќе ја состави на длабочина од 3.700 метри“.

Да потсетиме, пет патници загинаа во имплозијата на подморницата за време на патувањето до потонатиот брод Титаник – милијардерот Хамиш Хардинг, пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот син Сулеман, францускиот океанограф и експерт за Титаник Пол-Хенри Наргеолет и Стоктон Раш, основач на OceanGate.

Слични содржини