Македонија го промени името, а ЕУ не го оствари ветеното, вели Пахор

од Nikola Popovski

Македонците се апсолутно во право што се разочарани од Брисел во однос на европските пат, вели словенечкиот претседател Борут Пахор.

-Целосно сте во право што сте разочарани од Брисел… Што ние ветувавме? Ако го решите спорот со Грција…“, вели Пахор во интервју за ТВ 21.

Според него, промената на името во Северна Македонија билa исклучително тешкa, а тие како ЕУ не го оствариле ветеното.

-Тоа што го направивме беше тешко, исклучително тешко. Се подразбира дека тоа е поради ветото на Бугарија која има право на вето, тоа не е возможно. Ама видете, како и да е, тој авторитет и кредибилитет што Брисел го имаше во Македонија сега се губи. Тоа им го кажувам на сите соговорници. Не е така само во Македонија, туку и во другите земји од Западен Балкан, рече Пахор.

Слични содржини