„Македонија ја зафати катаклизма“ Демократски сојуз бара да се суспендираат директорите на М-НАВ

од Vladimir Zorba

„После неколку мега афери во М-НАВ, денес се случи и упад во контролата на летање и физички напад на контролори на летање. За да се спречат можни катастрофални последици, бараме Владата да одржи вонредна седница и да ги разреши актуелните партиски директори на М-НАВ и на нивно место да именува експерти од редот на вработените во М-НАВ“, побараа од Демократскиот сојуз.

„Го повикуваме раководството на МВР,да преземе најитни мерки против тие што упаднале во објект на М-НАВ,како и против тие што го организирале упадот и нападот на контролорите на летање.

Со ваков криминал, нестручност и партизација на витални државни институции нема да стигнеме никаде, уште помалку во Европската унија.

Со ДУИ и СДСМ, Македонија ја зафати, не катастрофа туку катаклизма.

Слични содржини