Македонија на врвот меѓу земјите од Западен Балкан според енергетската транзиција

од Stefanija Kuzmanovska
300 прегледи

Северна Македонија останува на врвот од земјите од Западен Балкан според енергетската транзиција, а инвестицискиот бран беше поттикнат од комбинација на законски реформи и проектите за фотоволтаици на ЕСМ, пишува порталот „Балкан грин енерџи њуз“.

Регулаторната комисија за енергетика минатата година издала лиценци за 399 мегавати за производство на електрична енергија од обновливи извори.

„Регистрираме раст од 160 отсто на новоинсталирани капацитети за производство на електрична енергија во само една година. Податоците на РКЕ покажуваат дека енергетската транзиција се случува секој ден, имено секој работен ден податоците покажуваат дека имаме уште 1,5 мегавати вклучени во системот во земјата. Со ова темпо на нови капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори, силно зајакна енергетската независност, а увозот на електрична енергија се намали за една третина“, навел претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски.

Вкупните инсталирани капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори изминатите две години изнесува 551,2 мегавати, што е доволно за со електрична енергија да се снабдат 175,500 домаќинства.

Слични содржини