Македонија со најнизок индекс на медиумска писменост

од Vladimir Zorba

Бугарскиот институт „Отворено општетсво“ поддржан од организација  Глобални работи на Канада, спроведе истражување во кое го мереше индексот на медиумска писменост во 35 европски држави. Во однос на создавање на лажни вести и отпорноста кон нивно надминување, земјите на Балканот се најдоа на дното од листата, а Македонија на последната позиција. Скандинавските држави имаат највисок индекс на медиумска писменост. Институтот се служи со податоци на меѓународни организации како „Репортери без граници“, „Фридом хаус“, „Евростат“, „ОН“ и „Организацијата за економска соработка и развој“.

Истражувањето има за цел да покаже, како државите се справуваат со надминување на лажните вести и „пост-вистината“, а како важен фактор во нивното надминување е доброто образование и слободата на медиумите, иако како што се посочува во истражувањето тоа може да биде и извикан аргумент. Меѓусебната доверба е уште еден индикатор како и економската стабилност на државите.

Концептот на медиумска писменост е да ја зајакне отпорноста на државите, но и справувањето со негативните ефети од феномените кои произлегуваат од лажните вести и „пост-вистината“, како и рушење на јавната доверба, зголемување на говорот на омраза, поларизираност на политиките и фрагментираноста на медиумите.

Според истражувањето земји кои најдобро се справуваат со „лажните вести“ се скандинавските земји, Естонија и Ирска. Резултатот се должи на доброто образование и слободата на медиуми.

Турција и земјите од Балканот бележат најнизок индекс на медиумска писменост, а причините се во сиромаштијата, контролираните медиуми, ниската доверба меѓу луѓето и лошите концепти во образованието.

Според итражувањето, ниското ниво на медиумска писменост кај Турција е контролата на медиуми, додека кај Македонија е слабото образование.

Во студијата се вели дека лажните вести се шират шест пати побрзо од проверените. Ова се должи на содржината, но и формата на пишување. Лажните вести најчесто се описно напишани и влијаат на емоциите и верувањата, предизвикуваат изненадување и гадење, додека проверените информации иницираат тага и доверба.

Како решение, во истражувањето се посочува дека треба да се зајакнат капацитети во образовниот процес, а новинарите да го применат принципот на саморегулација и етичкиот кодекс. Препорачуваат таргетирање на лажните вести и нивно елиминирање. Новинарите се почесто да известуваат за важноста на објективното новинарство. Од друга страна се потенцира дека во новинарското известување, социјалните мрежи да не се користат како директен извор, туку да се провери потеклото и релевантноста на информациите.

Во образовниот процес мора да биде вклучена едукација за медиумска писменост која ќе овозможи дигитални компетиции, критичко и креативно размислување, а ќе се зајакне и когнитивниот капацитет, вреднување на информации и користење на дигитални алатки.

На ваков начин ќе се филтрираат лажните вести, разликуваат фактите од мислењата, препознава измама,  детектира пропагандата, процесот на создавање на веста ќе биде препознатлив за публиката, но и детектирање на грешките кои се прават во вестите./В.К

Директен линк до истражувањето

Слични содржини