Македонски милијардер меѓу листата на најбогати луѓе од регионот

од Nikola Popovski

Пандемијата, прекинатите синџири на производство и снабдување, лошата глобализација, рецесијата, инфлацијата, растот на цените на инпутите, геополитичките судири на моќните земји… имаа значително влијание врз намалувањето на вредноста на компаниите и богатството на бизнисмените во 2022 година. Форбс пресметал дека за една година се „стопиле“ 400 милијарди долари и дека бројот на милијардери се намалил за 87.

Со внимание се следи трката на милијардери за светскиот трон на најбогат човек на планетата. Илон Маск и Џеф Безос „се борат до последен цент“ (од време на време скока некој како Бил Гејтс или Бернард Арно, што ја прави трката интересна и неизвесна), пишува српски „Недељник“.

Порталот минатата година ја објави листата на најбогатите луѓе во Србија, а годинава за прв пат ја носи листата на најбогати луѓе во регионот исклучиво во соработка со водечките медиуми од регионот.

Па така за првпат на милијардерската листа од регионот се најде и еден Македонец – Илија Гечев, генерален директор на ИГМ Трејд од Кавадарци. Тој е на 18 место на оваа листа со богатство од 1 милијарда и 54 милиони евра.

-Логично е Србија и Хрватска како најголемите држави во регионот да имаат најмногу богати, но меѓу првите десетмина резултатот е 5:5. Србија вкупно има повеќе милијардери, но бруто домашниот производ во Србија е 9.000 евра, наспроти 17.000 евра во Хрватска, изјави новинарот на „Недељник“, Миша Бркиќ.

Со исклучок на Гечев, меѓу најбогатите 20-мина се наоѓаат само бизнисмени од Хрватска и Србија.

Слични содржини