Макрадули: Од кога сум јас во „Пошта“, работите одат на подобро, иако платата не беше зголемена 32 години

од Nikola Popovski

Во АД Пошта нема да има мартовска плата под 18.000 денари. Тоа е сигурно, како што е законската обврска. Тоа е духот на законот. Не за џабе и законодавецот и предлагачот се договориле во шест месеци да се усогласи покачувањето, изјави директорот на АД Пошта, Јани Макрадули.

Тој нема дилема 32 години да не е зголемена платата, 12 години да нема униформи, „но за година и четири месеци колку што сум овде велат дека работите одат на подобро, иако тоа не е доволно“.

-Како АД во која Владата е 100% акционер мора да најдеме одржливо решение, за да исплатиме како што заслужуваат. Тука немам дилема. Одржливо решение е за да заработуваме пари. Пошта не е во добра финансиска состојба, но некои параметри покажуваат дека работите се изменети. Ние имаме повеќе приход од пакети и сето тоа зборува за тренд. Сакаме фер услови на пазарот. Да не може од Фејсбук да се носат роби од Србија, затоа што треба да сте регистрирани овде тоа за да го правите. Постојат закони во Агенциите за пошта, но не доволно се врши контрола, потенцира Макрадули.

Слични содржини