Макрон: Европа не смее да се дистанцира од Кина во однос на трговијата

од Stefanija Kuzmanovska

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европа не смее да се дистанцира од Кина, иако нејзините трговски односи со Пекинг претставуваат ризик и, како што рече, не се избалансирани.

„Мораме некако да го намалиме ризикот кога станува збор за нашите индустрии… но не смееме да се дистанцираме и да се одвојуваме“, рече Макрон на почетокот на државната посета на Пекинг, пренесе „Ројтерс“.

Макрон пристигна во Пекинг во официјална посета на Кина, при што ќе се сретне со претседателот Си Џинпинг.

Слични содржини