Макрон ја обвини Приштина за случувањата на северот на Косово

од Stefanija Kuzmanovska

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Братислава изјави дека Приштина е одговорна за немирите на северот на Косово.

Тој изрази надеж дека подоцна оваа недела ќе се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц и со лидерите на Белград и Приштина, пишува порталот „Косово онлајн“.

На прес-конференцијата во Братислава, каде што се одржува безбедносниот форум Globsec 2023, Макрон рече дека властите во Приштина се одговорни за немирите, кои, како што истакна, нагло се зголемија откако албанските градоначалници стапија на функција во општините на северот на Косово, во кои мнозинството се Срби.

Слични содржини