Мал авион се урна во Хрватска, има повредени

од Stefanija Kuzmanovska

Мал авион се урнал вчера околу 14 часот и 30 минути во Врсар, соопшти хрватската полиција.

Како што наведуваат, во несреќата едно лице е полесно повредено.

Полициски службеници вршат увид на местото на несреќата, пишува „24сата.хр“.

За настанот е известена надлежната Агенција за истражување на несреќи во воздушниот, поморскиот и железничкиот сообраќај, како и надлежното Државно обвинителство кое наредило истрага.

Слични содржини