Манчестер Јунајтед има нов тренер!

од Nikola Popovski

Манчестер Јунајтед најде замена за Оле Гунар Солскјер, а тоа апсолутно неочекувано ќе биде 63-годишниот Германец Ралф Рангник.

Се зборуваше за Зинедин Зидан, Маурицио Покетино, па дури и Антонио Конте кој го презеде Тотенхем, но Солскјер ќе го наследи човек кој никогаш ништо не освоил.

Кога се зборува за ништо, тоа се однесува на најважните трофеи како што се титулите во национално првенство и трофејот во Лигата на шампионите.

Со Шалке го освои Купот и Суперкупот на Германија, како и поранешното Интертото куп со Штутгарт.

Информацијата за доаѓањето на Рангник во Манчестер ексклузивно ја пренесе угледниот „Атлетик“, а Германецот ќе потпише договор на шест месеци.

Слични содржини