Манчестер Јунајтед конечно го „улови“ Санчо!

од Vladimir Zorba

Манчестер Јунајтед успеа да се договори со својата најголемата цел во преодниот рок! Џејдон Санчо пристигнува на „Олд Трафорд“ по повеќе од една година обид на „црвените ѓаволи“ да го донесе во своите редови.

Според „Скај Спорт“, Борусија Дортмунд конечно се согласи да го пушти својот крилен напаѓач за обештетување од 90 милиони евра.

Да потсетиме, минатата сезона „милионерите“ од Дортмунд одбија понуди над сто милиони за Санчо, побараа 125 милиони евра, но оваа сезона ситуацијата се смени, бидејќи и тој имаше послаба сезона, страдаше од повреди, а коронавирусот влијаеше на економската состојба во клубот, кој сака да стори се за да ја задржи главната sвезда на тимот Ерлинг Халанд.

Дортмунд се согласи на нешто помалку обештетување под услов поголемиот дел од парите да бидат исплатени веднаш. Кога започнаа преговорите летово, Дортмунд побара 99 милиони евра, но на крајот сепак попушти и Санчо ќе се врати во својата татковина и ова лето ќе ги засили редовите на тимот на Оле Гунар Солскјер.

Сепак, трансферот нема да биде официјален сè додека Санчо е на Европското првенство, а дури откако ќе ги заврши своите обврски со репрезентацијата на Англија, ќе бидат договорени лични услови, кои не треба да бидат пречка, смета Скај.

Санчо постигна 50 гола на 137 натпревари за Дортмунд.

Слични содржини