Манчестер Јунајтед подготвува нова улога за Санчо

од Vladimir Zorba

Џејден Санчо, за кого Манчестер Јунајтед летото плати 73 милиони фунти, се подготвува за нова улога во тимот на Оле Гунар Солскјер.

Во последните две недели, 21-годишниот крилен напаѓач беше вклучен како крилен бек и наскоро може да биде искористен на овој начин во натпреварите на „црвените ѓаволи“.

По тешкиот пораз од Ливерпул, Солскјер реши да ја промени шемата на игра и да се обложи на 3-4-1-2 со тројца централни дефанзивци и двајца крилни бекови. Арон Бисака, кој игра на десната страна, е критикуван за офанзивниот настап, додека во ретки случаи кога е на теренот, Санчо вложува многу енергија во дефанзивата, па има одредена логика во таквиот потег.

Сепак, фановите на Јунајтед помалку оптимистички ја коментираат оваа информација, бидејќи сметаат дека ставањето на Санчо во ваква нетипична улога е само уште еден доказ за хаосот кој владее во последно време.

Од почетокот на сезоната, Санчо учествуваше на вкупно 13 натпревари на сите турнири, на кои, сепак, талентот беше на теренот за само 564 минути. Поради тоа, тој не се најде на списокот на Герет Саутгејт за претстојните квалификации за Светското првенство.

Слични содржини