Мани Пакиао стана светски шампион на 39 години

од Vladimir Zorba

Филипинската боксерска легенда Мани Пакиао го нокаутира Аргентинецот Лукас Матисе и ја освои титулата во полутешка категорија на Светската боксерска асоцијација (WBA).

Борбата во малезиската престолнина Куала Лумпур заврши во седмата рунда, кога Пакиао по третпат го испрати противникот на подот.

39-годишниот филипинец заокружи 60 победи на професионалниот ринг, 39 од нив се со нокаут. Поразите на Пакиао се 7, реми – 2.

Тој е единствениот боксер во историјата, кој станал светски шампион во 8 различни категории. Матисе останува со 39 победи и едно реми, а денешниот пораз беше петти во неговата кариера.

Титулата во полутешка категорија ја освои на крајот на јануари по успехот со нокаут против Тајланѓанец Кева Тирам. Во последната борба во јули 2017 година, Пакиао загуби од Австралиецот Џеф Хорн.

По натпреварот со Матис филипинецот навести дека има намера да продолжи со својата кариера.

Слични содржини