Мараја Кери лансираше ирски ликер

од Vladimir Zorba

Мараја Кери се приклучи на листата на познати личности со свој бренд алкохолни пијалоци.

Пејачката, позната претежно по своите љубовни хитови, го лансираше ирскиот ликер Black Irish, за кој рече дека требало две години и доаѓа во три различни вкусови: како оригинален ирски ликер, со вкус на бело чоколадо и солена карамела.

Името на ликерот е инспирирано од корените на пејачката, бидејќи нејзината мајка е по потекло од Ирска, а предците на нејзиниот татко се од Венецуела.

Мараја открива дека ликерот е направен во Ирска, од мешавина на старо ирско виски и првокласни млечни производи од ирските фарми, а најдоброто белгиско чоколадо е искористено за ликерот од бело чоколадо.

Слични содржини