Мареј бара остри казни за оние кои ќе ги прекршат правилата и пртоколите на УС Опен

од Vladimir Zorba

Британскиот тенисер Енди Мареј зборуваше за следниот Гренд Слем турнир – УС Опен.

Отвореното првенство на Америка треба да започне на 31 август, а тоа веќе бара сериозна организација и усвојување на правила и протоколи што ќе треба да се почитуваат во Њујорк.

Мареј посочува дека ќе има играчи кои ќе ги прекршат препораките, но дека треба да бидат казнети особено сериозно.

„Мислам дека повеќето играчи ќе ги следат правилата, но би било глупаво да се очекува дека никој нема да ги крши правилата и протоколите. Вие го видовте тоа во НБА и мислам дека се случи во голф. Јас не сум 100 проценти сигурен, можеби грешам. На пример, во Во НБА-лигата, кошаркарите ги прекршија правилата. Затоа, ние треба да се подготвиме за такво нешто и кај нас. Мислам дека казните треба да бидат сериозни, затоа што на крајот ја ставате во опасност целата турнеја и настан“, рече Мареј, додавајќи:

„УСТА инвестира огромни суми за да го направи ова што е можно побезбедно, така што играчите кои не ги следат правилата треба да претрпат сериозни последици“.

Мари вели дека наскоро ќе отпатува за САД.

„Треба сами да донесете одлука за тоа и верувам дека УСТА ќе излезе со „меур“ за играчите. Веројатно ќе го закажам летот во следните неколку дена“, истакна Мареј.

Британецот е трикратен Гренд Слем шампион, а во моментов се наоѓа на 129-то место на АТП-листата.

Слични содржини