Маричиќ: Ако ја пропуштиме шансата за ЕУ оваа година, ќе влеземе во група со БиХ и Косово

од Vladimir Zorba

„Очекувам до крајот на годината многу официјални лица од ЕУ, државите членки и пошироко да доаѓаат и да разговараат со наши политичари, пратеници, лидери на партии и да ја пренесат пораката дека ако оваа година ја пропуштиме, Бугарија нема да ја пропушти шансата за да потенцира дека ние не сме сакале и не сме можеле да ги исполниме обврските“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека не вреди поради политички причини да се блокира проширувањето на Преамбулата на Уставот со што Северна Македонија ќе остане, а Албанија, Србија и Црна Гора ќе продолжат поинтензивно во преговорите со ЕУ.

„Ние треба да одлучиме дали ќе останеме во категорија во која сме сега, држави кои преговараат заедно со Србија, Црна Гора и Албанија или ќе одиме во категоријата со Босна и Херцеговина и Косово, кои имаат уште многу до почеокот на преговорите“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот истакна дека Северна Македонија треба да ги заврши уставните измени и скрининг прооцесот ако сакаме на крајот на годината да поентираме и да преминеме во наредната фаза.

„Со скринингот имаме динамика, која може да не одведе до отворање на првиот кластер до крајот на оваа година. Тоа е идејата на ЕУ, да се отвори првиот кластер до крајот на годината. Од нас зависи дали ќе сопреме или не“ рече Маричиќ.

Слични содржини