Маричиќ: Победи правната држава, помилувањата немаат законска основа

од Nikola Popovski

Вицепремиерот за европски прашања и поранешен министер за правда, Бојан Маричиќ, во однос на одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, којшто утрово ја отфрли како недопуштена, жалбата за поништената аболиција на поранешниот претседател Ѓорге Иванов од 2016 година, оцени дека правната држава победи, а помилувањата немаат законска основа.

-Ја поздравувам денешната одлука на Европскиот суд за човекови права која е во полза на државата, според која жалбите на апликантите во целост со наводните помилувања се недозволени. Со одлуката, Судот смета дека жалбите се недозволени во принцип поради неискористување на домашните правни лекови и дека нема прекршување на човековите права, објави Маричиќ на својата официјална Фејсбук страница.

Вицепремиерот додава дека постапките продолжуваат пред домашните судови, бидејќи е нелегитимно да се прескокнуваат македонските судови.

-Можеби Европскиот суд е искористен во овој случај како алатка за одолговлекување на постапките, но сепак владеење на правото е неприкосновен принцип, смета Маричиќ.

Исклучително важно е, подвлекува тој, да има спроведена правда која граѓаните ја очекуваат, а која ќе се нотира позитивно во извештаите на Европската комисија во делот почитување на владеење на правото во Северна Македонија.

Тој изразува благодарност до стручноста и посветеноста на правниот тим за успехот во застапувањето пред Европскиот суд за човекови права.

Слични содржини