Маричиќ: Испрограмирани 21,5 милиони евра ИПА помош за патната инфраструктура и безбедност на патиштата

од Milan1

Испрограмирани се 21 500 000 евра ИПА помош за 2022 година кои чекаат одобрување, за подобрување на патната инфраструктура и поголема безбедност на патиштата, напиша во објава на Фејсбук вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Преку ИПА фондовите, истакнува Маричиќ, се реализираат проекти кои се во интерес на граѓаните.

„Процесот на евроинтеграциите е скап процес, а финансиската поддршка што земјата ја добива преку ЕУ фондовите е во насока на воведување на европските стандарди дома“, порачува Маричиќ

Слични содржини