Маричиќ: Кога ги слушаме граѓаните победуваме

од desk4

Остануваме најдобрата опција за нашата држава, рече високиот партиски функцонер на СДСМ Бојан Маричиќ на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Ресен. Според Маричиќ Владата и општините за четири години покажаа дека може да се направи позитивна промена во сите делови на општеството.

-Како Влада решивме да инвестираме во човечки капитал, наместо  во палми и непродуктивни споменици. Покажавме дека може да се градат нови градинки, училишта, да се реновираат болници, да се вложува во граѓаните, во оние на кои им е најтешко, рече Маричиќ.

Маричиќ кој е и министер за правда,  потенцираше дека Владата укинала 11 ставки од извршувањето на извршителите како трошоци, рапидно ги намалила и нотарските и извршителските трошоци.

-За 75% ги намаливме глобите и воведовме задолжителна опомена пред глобање на било кој граѓанин. Од Собранието очекувам и поддршка за отписот на долговите за физички лица, а сакаме да помогнеме и на општините и на нивните јавни претпријатија. 10 милиони евра е отписот на долгови на камати на граѓаните, а со овој закон се опфатени 150. 000 граѓани.  Што имаме на другата страна? Имаме пратенци кои не знаат зошто одат на работа, некои не одат, или доаѓаат само кога треба да блокираат.  Нашите пратеници секојдневно се борат со блокадите, затоа ѓто знаат, зошто се таму, рече Маричиќ.

На поставено прашање „Што може Преспа и регионот да очекуваат од ЕУ фондовите“, Маричиќ рече дека ЕУ покажа голем интерес за преспанскиот регион.

-Бидејќи на тоа  работевме од  срце и во општината и во Владата, успеавме да постигнеме во новата рамка на претпристапната помош на ЕУ, за преспанскиот регион да бидат предвидени  проекти во висина од 21 милиони евра, 18 милиони евра од страна на ЕУ и останатото кофинансирање од нашата Влада. Овие средства ќе бидат наменети за клучни области, во туризмот, инфраструктура, земјоделие и животна средина. Затоа сее и овие наши политики за зелена Преспа, чиста Преспа, и на Преспа со добра инфраструктура што може да понуди заштитени природни убавини и многу содржина за туризам.  Приоритет на општината и на владата е развојот на економијата. 21 милион евра се средства за нареднот седумгодишен период, после кој  нема да биде веќе ништо исто, рече Маричиќ.

Маричиќ како  секретар за меѓународна соработка на СДСМ се осврна и на ЕУ интеграциите.

– Пред четири години бевме изолирана држава која се плаши од своите соседи, држава која мислеше дека сите и се непријатели, држава која не веруваше во својата иднина. Денес, ние сме членка на НАТО, нашето знаме се вее пред седиштето, очекуваме да ги почнеме преговорите со ЕУ. Во сите тие преговори влеговме со самодоверба, со јасен идентитет како Македонци кои зборуваат македонски јазик и како такви ќе влеземе и во ЕУ, ќе успееме во обезбедувањето на нашата европска перспектива, рече Маричиќ.

Маричиќ истакна дека концептот на СДСМ за Едно општество за сите, сега е концепт кој се прочу низ целиот свет, додека од друга страна ВМРО-ДПМНЕ продолжува со концептот кој носи само блокади, изолација и корупција и затоа довербата на граѓаните кон СДСМ ќе продолжи да расте.

И.Т.

Слични содржини