Државната изборна комисија во работната група на Министерството за правда која работи на измени на изборниот законик дала свои забелешки околу дефинирањето на прашањата за канидадските листи, особено за независните кандидатури кои беа отворени на последните локлни избори, трошоците за избирачките одбори и други технички забелешки околу организирање на изборите. Ова за „Локално“ го изјави претседателот на Државната изборна комисија, Бојан Маричиќ, кој рече дека ДИК не е дел од работната група но била поканета да даде свое мислење.
-Бевме на состанок со министерот за правда Филков исткнавме некои наши размислувања, но ги преточивме во еден текст каде што има над 15 забелшки и се технички од аспект на функационалност на изборниот процес и во однос на кандидатурите и во делот на покривање на трошоците што е актуелно со избирачките одбори. Повеќе сугестии дадовме написмено кај министерот и замоливме кога ќе биде готов текстот или кога ќе биде при крај да бидеме повторно консултирани за да дадеме мислење за новитетите на кој начин би биле спроведени и дали се спроведливи. Дел од забелешките кои ги дадовме беа да се разјасни покривањето на трошоците на избирачките одбори, предложивме и за локалните избори Државната изборна комисија да ги покрива трошоците што ќе ги добие од државата, да се дефнираат прашањата околу кандидатските листи, особен незавсните кандидатури кои беа отворени минатиот пат и се забележани и во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР, изјави Маричиќ.
За барањето на граѓанските иницијативи на независните кои бараа да бидат дел од работната група на Минитерството за правда, на избирачкото ливче место други гласачи да стои името на кандидатот и граѓанската иницијатива од која доаѓа, како и во делот на финансирањето на учесниците во избирачкиот процес, Маричиќ изјави дека не се информирани, но доколку ги добијат барањата ќе излезат со свое мислење.

Фото: Локално
-За предлозите на независните и не сме информирани и никој не не известил и би дале свое мислење доколку како предлог го добиеме. Не членуваме во таа група на редовнa основа дадовме свои писмени забелешки и очекуваме Mинистерството за правда кога ќе има напредна верзија на текстот за да дадеме свое мислење, се така се договоривме, изјави Маричиќ.
Тој објасни дека Државната изборна комисијаја за овие прашања разговарала и со Државната комисија за спречување на корупцијата и со Државниот завод за ревизија околу прашања поврзани со финансирањето на медиумите и како сите постапки да ги направат транспарентни.
-Тоа е нашиот ангажман во овој дел од измените на изборниот законик. Политичкиот дел околу уделот на финансирање на партиите и кандидатите околу изборниот модел и кандидатските листи ние не учествуваме во тие дискусии и не даваме мислење, изјави Маричиќ.
Тој одби да го коментира предлогот на актуелната власт за измени на Законот за Влада со кој се предлага укинувањето на техничката Влада. Овие измени се ставени на денешната собраниска седница во скратена постапка.
Е.Б.