Маричиќ: Нема ништо спорно што премиерот ја координираше акцијата за враќањето на Мијалков од бегство

од Nikola Popovski

„Имавме крупен случај и можно бегство на најистакнат криминален човек, што беше дел од обвинението на СЈО, бидејќи повод за бегството беше очекуваната пресуда. Не зборуваме за монтиран случај, не беше целта на тој состнаок да се монтира случај против било кого, туку целта беше како да се врати некој кој е во бегство. Некој за кој целата јавност беше заинтересирана“, рече министерот за правда, Бојан Маричиќ за бегството и пресудата на Сашо Мијалков, за емисијата „360 степени“.

Tој наведе дека со координирањето меѓу Јавното обвинителство, Кривичниот суд и Министерството за внатрешни работи целта била да се врати Сашо Мијалков од бегство и не гледа ништо спорно во тоа што премиерот Зоран Заев изјави дека токму тој ја координирал акцијата.

„Состанокот на клучните институции бил за да не се направи пропуст како за бегството на Никола Груевски“, истакна Маричиќ.

Слични содржини