Маричиќ: Доколку опозицијата не даде поддршка за уставните измени, повторно заглавуваме во чекалната на ЕУ

од Nikola Popovski

Доколку не стане проактивна опозицијата и не даде поддршка за уставните надополнувања – исходот е јасен, тука застануваме и повторно заглавуваме во чекалната на ЕУ, вели вицепремиерот Бојан Маричиќ во интервју за Цивил Медиа.

Според него, успешните уставни измени ќе значат јасна, чиста позиција за Северна Македонија, со исполнети критериуми од обврските кои произлегуваат од преговарачката рамка.

Следниот потег ќе биде на Европската комисија, која ќе биде сигурна дека Северна Македонија продолжува на европскиот пат. Сега треба да е целта на сите да останеме на европскиот пат и да ја впишеме Северна Македонија во новиот пакет за проширување во којшто ќе бидат Украина, Молдавија, Грузија и држави од Западен Балкан, истакнува меѓу другото Маричиќ во интервјуто.

Слични содржини