Маркез го освои шпанското Гран При на Херез

од desk2

Бранителот на титулата во Мото ГП, Марк Маркез со Хонда победи на трката за Гран При на Шпанија возена на патеката Херез со солидна предност, откако неговите тројца главни конкуренти Андреа Довициозо (Ducati), Дани Педроса (Honda) и Хорхе Лоренцо (Ducati) се удрија меѓусебно на осум круга пред карираното знаме.

Од инцидентот, освен Маркез, профитираа и Јоан Зарко со Јамаха Тек 3 и Андреа Јаноне со Сузуки и се искачија на втората, односно третата позиција.

Во топ 5 влегоа и Италијанците Даниеле Петручи (Pramac Racing) и Валентино Роси (Yamaha).

Несреќата во трката го промени значително генералниот пласман во Мото ГП по оваа четврта трка од почетокот на сезоната 2018. Маркез е лидер со 70 поени, следен од Зарко кој има 58, трет е Вињалес со 50, а по него е Јаноне со 57. Довициозо е петти со 56.

Слични содржини