Маркионе ќе биде отпуштен од Ферари?

од desk4

Големиот шеф на Фиат Крајслер и Ферари – Серџо Маркионе се очекува да биде лишен од својата раководна позиција вечерва. Таквата се очекува да биде одлуката, која бордот на директори ќе ја земат во компанијата на состанокот за неколку часа.

Според неофицијалните информации, планот за наоѓање наследник на Маркионе ќе биде забрзан. Главната причина е лошото здравје на 66-годишниот раководител кој мораше да ја напушти функцијата на крајот од годината.

Во својство на претседател и извршен директор, Маркионе управува со автомобилскиот гигант од 2014 година, а во исто време е доста гласен претставник на Ферари во преговорите со сопствениците на Ф1 „Либерти медија“ за новите правила во шампионатот, кои треба да стапат во сила од 2021 година.

Природниот избор за наследник на Маркионе би требало да падне на актуелниот член на бордот на директори, Луј Кери Камилери, кој ќе стане извршен директор, додека претседателските функции би требало да се најдат во рацете на Џон Елкан Ањели.

Слични содржини