Марко го советува Фетел да го напушти Ферари што поскоро

од Vladimir Zorba

Советникот на Ред Бул, д-р Хелмут Марко, смета дека Себастијан Фетел мора да го напушти Ферари ако сака повторно да ја прероди својата кариера. Четирикратниот светски првак конечно ја изгуби поддршката од италијанските медиуми за уште една сериозна грешка во Големата награда на Велика Британија.

„Тој не правеше грешки во Ред Бул“, вели Макс Верстапен. „Човек не заборава да вози. Не знам зошто вакви работи му се случуваат со Ферари“.

Марко, кој го доведе Фетел во Формула 1 и беше до него, кога ги освои титулите, смета дека Себ се наоѓа во криза: „Човек прави грешки, кога веќе не верува во себе. Тоа се случува потсвесно“.

Џонатан Витли од Ред Бул го дефинира Фетел како чувствителен човек кој не е толку цврст како Шумахер или Алонсо: „Себастијан има потреба од безусловна поддршка. Во Ред Бул тој ја имаше. Можеби во Ферари ја нема“.

„Себастијан мора да биде во друга средина, со други зборови, да го смени тимот, но не гледам како тоа ќе се случи во 2020 година“, заклучи Марко.

Даниел Рикардо изјави дека Фетел може да се чувствува на ист начин, како што минатата година тој се чувствувал во Ред бул.

„Можеби доживува нешто слично како мене пред година: недоверба и ранливост. Но тој останува брз пилот и секогаш може да се бори за титулата. Единственото прашање е дали се уште може да оддржува форма за цела сезона?“

Слични содржини